На 17.12.2017 година во 02.15 часот, Б.Р. (27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01.30 часот во угостителски објект на ул. „Црвена скопска општина“ во Скопје физички бил нападнат од непознато лице.
Б.Р. со неговите другари З.П. и Д.М. биле во објектот и во еден момент настанало несогласување со персоналот околу плаќање на сметка. Притоа, непознато лице почнало да го влече до влезната вратата на локалот и го удрило со тупаница во главата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре