Одлуката за решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде ексклузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ ги осудува изјавите на господинот Талат Џафери и ќе се спротивстави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бида согласни за понуденото решение.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура, се вели во сооопштението.
ВМРО-ДПМНЕ, останува силно посветена на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓа политички, културно и економски. Членството во ЕУ и НАТО ќе значи додадена вредност како за нашата, така и за регионалната стабилност, политичко заедништво и економски развој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст