Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP) Патрик Волер.
На средбата стана збор за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со семејството на Европската народна партија како и за актуелните случувања во државата.
Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочена соработка со Европската народна партија и изрази задоволство од досегашните односи кои го покажуваат потенцијалот за развивање на понатамошните односи, а со тоа и ползување на таквата соработка за интересите на `Република Македонија во остварување на нејзините стратешки приоритети како што е членството во ЕУ.
Груевски накратко го запозна соговорникот со актуелните случувања на политички и економски план. Тој посочи дека во Македонија има газење на правната држава и демократијата.
– Се врши класичен политички прогон и реваншизам на партиска основа. Се притвораат уметници само поради изразено мислње а притоа се теретат за непостоечки дела како што е тероризам.
За жал стануваме држава каде наместо со демократија се владее со страв и кршење на основните човекови права, спротивно на основните европски и универзални вредности. Македонија е земја каде се прогонуваат актери, уметници, режисери, инженери и каде власта уапси 12 отсто од пратеничката група на водечката опозициска партија или 5 отсто од вкупниот пратенички состав, посочи Груевски.
– Македонија станува заробена држава, а главната цел на таквиот напад е токму ВМРО-ДПМНЕ каде над 150 лица по различни основи се под директен атак на таквиот политички прогон, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст