| четврток, 6 декември 2018 |

Протест во Скопје: Станете за чист воздух, децата треба да дишат (ГАЛЕРИЈА)

Под мотото „Станете за чист воздух“, неколку стотини жители на главниот град денеска протестира против високото ниво на загаденост на воздухот.

Протестот се одржа пред Владата, а учесниците упатија повеќе барања до належните иниституции: Итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци.

Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“велат дека се додека не се реши состојбата со аерозагадувањето, ќе ги поддржат сите граѓански иницијативи на мајки, татковци, родители, граѓански здруженија кои се занимаваат и кои се залагаат да се подобри состојбата со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.

-Нашата поддршка ја имаат. Ќе ја поддржиме иницијативата и во среда, на мајките за да не ги пуштаат децата на училиште. Забележуваме дека Министерството за образование е подготвено на нашата вчерашна реакција да одговори соодветно, да не се пуштаат децата во екстремно аерозагадување, да се бојкотира наставата, да се организираат протести, поддржуваме граѓанска непослушност, блокирање на патишта, со цел да се подобри состојбата. Состојбата навистина го погодува здравјето на децата, секое второ дете е погодено од аерозагадувањето, изјави Драги Змијанац.

„Меѓаши“: Децата итно да се пуштат на распуст поради енормната загаденост на воздухот

Змијанац истакна дека поради загадувањето, Детската болница за белодробни заболувања е преполна со заболени деца и оти веќе се прават обиди за создавање услови за примање и на поголем број на пациенти. Токму поради ваквата состојба ќе се обратат и до меѓународните институции да помогнат во справување на проблемот.

Претходно од Министерството за образование и наука за факултети.мк не ја исклучија можноста поради зголеменото загадување, предвреме да започне зимскиот распуст.

МОН: Можно е распустот да почне порано

Но ја исклучија можноста да го поддржат бојкот на наставата најавен од група родители за в среда.

Вчера, Владата донесе ургентен сет мерки против загадувањето, од кои едната е спуштање на прагот на алармирање за висока аерозагаденост.

Стапија на сила итните мерки против загадувањето: Бремените, болните и старите да се ослободат од работа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top