| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Рамбо уапсен по гаќи: Гледал цртани, a работел како жиголо

Србинот Игор Вацлавиќ, познат како Игор Рамбо, ноќеска бил уапсен во Шпанија, а на неговото апсење му претходело тројно убиство. Светските медиуми јавуваат дека Игор Рамбо, за кого долго трага италијанската полиција, бил откриен во Шпанија благодарение на сообраќајна незгода.

На 5 декември Вацлавиќ упаднал на фарма и тешко повредил двајца, кои за среќа успеале да избегаат и да пријават. Кога полицијата му влегла во трага, го следела нападнатиот цивил за полесно да го идентификуваат, но кога се обиделе да влезат во куќата во која се криел Игор рамбо, тој отворил оган и убил двајца припадници на цивилната гарда и еден цивил. Потоа украл оружје од полицаец и со зелен камионет се дал во бегство кога и ја направил сообраќајката.

Вацлавиќ имал документи на три имиња, есно српско, едно хрватско и едно италијанско, Норберт Фехер. Во моментот на апсењето ја носел униформата на полицаецот од цивилната гарда што го убил.

Деветнаесет полицајци, падобранци и специјалци во Италија трагаа со сите расположливи средства и полициски кучиња, по 41-годишниот Игор Вацлавиќ од Србија, кој во април извршил две убиства, а е осомничен и за трето. Потерата по “Рамбо” од Србија траеше со месеци, а Игор за влакно ѝ се извлекувал на полицијата. Сепак, ни 19 полицајци не биле доволни да го фатат Србинот, кој успеал и да рани еден од нив.
Неговиот поранешен цимер од затвор за италијанските медиуми вели дека Игор може секого жив да одере.

– Во ќелијата правеше и по 5.000 стомачни. Секој ден го правеше тоа, освен недела, тогаш му се молеше на Бога. Гледаше само цртани и документарци, велеше татко му му забранувал кога бил мал, вели тој.
Игор и цимерот поминале 4 години заедно.
– Со Норберт Фехер, познат и под името Игор Вацлавиќ убаво си живеевме четири години. Ми раскажа дека дезертирал, но не и зошто. Бил војник на специјалните сили од Сибир. И ми зборуваше дека со нож ноже да одере жив човек, вели човекот кој се претставува како Мирко.
Вацлавиќ ја напуштил Србија пред 10 години. Наводно во Валенсија работел како жиголо и бил член на озлогласената група Пандек. Во една пљачка ранил човек со самострел и завршил во затвор, но откако излегол, продолжил да пљачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top