| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Центар ќе го пишува буџетот заедно со жителите

Општина Центар објави дека со буџетот за општината ќе бидат запознаени граѓаните, кои ќе можат да придонесат со свои забелешки и предлози пред носење на финалната фаза.

„Граѓаните ги избираат градоначалниците и советниците и ја плаќаат општинската администрација. Затоа тие мора да знаат како и на што се трошат буџетските пари, велат од Општина Центар. Како што вети градоначалникот Саша Богдановиќ, буџетот ќе го носи транспарентно и во соработка со граѓаните“, велат од Општината.

Додаваат дека на првата фаза од носење на буџетот се одржаа два форума на која жителите на општината и НВО дискутираа за потребите и гласаа за приоритетите во 2018 година, а в понеделник, на седница на Совет ќе се расправа и гласа за Нацрт буџетот за 2018 година.

На својата веб страна општината ги објави Нацрт-програмите за работа на општина Центар за 2018-та година и ги повика граѓаните за сите забелешки да се обратат на [email protected][email protected][email protected];

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top