| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и музеј во Охрид

Заводот и Музеј Охрид поднесе кривична пријава против поранешната директорка на оваа установа, поради големата финансиска штета врз Буџетот на РМ, настаната од непостапување по судска одлука од страна на поранешната раководителка на Музејот во случајот со судскиот спор за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс „Куќа на Робевци“ меѓу установата и еден од соседите.

-Станува збор за обемен предмет, судска постапка која се водела пред Основниот суд – Охрид уште од 2008 година, во време кога директорка на Завод и Музеј – Охрид била Тања Паскали Бунташеска. Оваа постапка завршила со правосилна пресуда за вознемирување на правото на сопственост на тужителот од страна на тужениот Завод и Музеј – Охрид во декември 2009 година. Со пресудата, Завод и Музеј – Охрид бил задолжен да отстрани делови од градби – ѕидови од парцелата на тужителот, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top