| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Луѓе ова не е за фалење, ова е од срце за Гешо

Перо Антиќ уште еднаш покажа дека има големо срце. Македонскиот кошаркар не дозволи поранешната легенда, Стеван Гешовски, да остане без лекување. Тој ги донираше 8.000 евра кои му недостасуваа на популарниот Гешо за да замине во Русија.

И покрај тоа што направи големо дело за почит и восхит, Антиќ остана скромен.

„Се надевам дека братот Гешо во скоро време ќе скокне до Русија и колку-толку ќе ги среди проблемите. Ова не е за фалење, луѓе. Ова е од срце за човек кого го познавам од мојот почеток во кошарката. И, огромно благодарам за моите браќа во Управниот одбор на КК Гостивар”, напиша Антиќ на социјалните мрежи.

Поранешен репрезентативец на некогашна СФРЈ, кој пред две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица на тоа, Гешовски има отежнат говор, парализирана десна страна и болки во екстремитетите, за што како најадекватна метода за лекување е терапијата со матични клетки во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top