Многумина се прашуваат зошто Хенрик Микхтаријан го изгуби местото во Јунајтед, Ерменецот веќе некое време го нема ниту на клупата.
Мурињо тврдеше дека во прашање формата на фудбалерите.
„Ги имам Лингард, Марсијал и Рашфорд, овие тројца заслужуваат да играат пред Микхтаријан“, изјави Мурињо.
Сега како што тврдат медиумите, Мурињо и Ерменецот имале судир по натпреварот со Брајтон.
Според тие информации, после победата од 1:0, Мурињо јавно го критикувал пуленот на Раиола. Поради тоа Микхтаријан влегол во расправа со тренерот, на еден од тренинзите, Ерменецот му замерил што „Специјалниот“ јавно во медиумите ги повикал фудбалерите.
Тоа се случило на 28 ноември и од тогаш Микхтаријан го нема ниту на клупата, а нема да добие шанса ниту овој викенд против ВБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


