| четврток, 6 декември 2018 |

Газдата на „Апотекс“ и неговата сопруга пронајдени мртви

Милијардерот и филантроп од Торонто, Бери Шерман, основач на фармацевтската компанија „Апотекс“, и неговата сопруга беа пронајдени мртви во својот дом во градот Торонто.

Полицијата нивната смрт ја третира како сомнителна и како таква и се третира истрагата. Дејвид Хопкинсон, како претставник на полицијата изјави дека „околностите околу смртта на милијардерот и неговата се сомнителни и во тек е истрагата за случајот“, јавува Си-Ен-Ен.

Компанијата на Шерман се наоѓа меѓу седумте најголеми компании во областа, со годишен приход од повеќе од 2 милијарди канадски долари.

Парот имал четири деца. Канадскиот премиер Џастин Трудо упати порака со сочувство преку социјалната мрежа „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top