| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот Синод ја предупреди БПЦ дека се меша во надлежностите на СПЦ во случајтот со МПЦ

Синодот на Грчката православна црква на седница одржана на 14 декември ја разгледувал одлуката на Бугарската православна црква на 29 ноември 2017 година да ја прифати молбата на расколничката црква на „Македонија“ и да ја преземе улогата на мајка-црква на МПЦ.

Свештениот синод на ГПЦ ја изразува својата загриженост што со оваа одлука БПЦ директно задира во надлежностите на друга православна црква, СПЦ, што е во спротивност со Свештените канони на црквата, врши превид на канонското право и возвишената улога на Вселенската патријаршија, со што предизвикува несакани последици.

Синотот на ГПЦ бара во БПЦ да надвладее разумот и одлуката на сестрата БПЦ сепак да не се спроведе на дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top