Српските медиуми ги открија имињата на хулиганите кои беа полуголи и голи истепани и избркани од трибината на стадионот на Партизан.
Предводници на нередите на Јужната трибина се платеници од Хрватска, кои во Белград пристигнале специјално да направат хаос, за време на дербито меѓу Партизан и Црвена Звезда.
Според пишувањето на српски „Ало.рс“, на 12 декември преку граничниот премин Батровци, со два автомобили пристигнале шестмината Хрвати кои учествувале во нередите. Анте Фириќ (26), Хрвоје Баковиќ (31) и Стјепан Миховиловиќ (30) биле во едниот автомобил, додека во другото возило биле Роналд Мишковиќ (18), Јаков Подгуг (23) и Милан Липљански.
Српски „Ало.рс” пишува дека покрај шестмината Хрвати, се најдоа и извесен Илија Хацев од Македонија и еден грчки државјанин.
Беше објавена и видео снимка на која уапсените во подтрибинскиот простор, едвај стојат, додека покрај нив има многу полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст