| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена постапка против судијката која издаде налог за претрес на Владимир Панчевски

Советот за утврдување на факти повел постапка против Злата Попова, претседателката на Основниот суд во Гевгелија, која му издаде на СЈО наредба за претрес во канцеларијата и домот на екс претседателот на скопска единица Владимир Панчевски.

Претседателот на Советот Сашо Поцевски, вели дека постапката е поведена по барање на странка, но не открива дали подносител е самиот Владимир Панчевски, кај кого беше направен претрес, или можеби претседателот или член на Судскиот совет, бидејќи во два наврати, гевгелиската судијка беше итно повикана во Скопје за да објасни пред Судскиот совет, од каде се нашла за надлежна да постапи по барањето на СЈО за претрес во домот на скопскиот судија, иако Судскиот совет нема таква надлежност за да бара информации од неа, посебно не за конкретна наредба за постапка која е тајна.

-Иако претседтелот на Врховниот суд Јово Вангеловски не карактеризираше како клинички мртви, ние и натаму работиме, поведуваме постапки, и така ќе постапуваме се додека не биде укинат овој орган – изјави Сашо Поцевски, претседтел на Советот.

Инаку Попова е судијка во Гевгелија, од местото од кое потекнува и Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Екс претседателот на скопска единица Владимир Панчевски, обвини дека Попова немала надлежност да нареди претрес во неговиот дом, затоа што тој се наоѓа во Скопје а не во Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top