Првото вештачко срце во овој регион е вградено во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ во Србија.
Како што објавија Новости, зафатот бил извршен во саботата од тим лекари на тој Институт врз пациент на возраст од 43 години, кој имал изразена слабост на работата на срцето и со тоа добил значајно време да почека соодветен орган и трансплантација.
Механичкото срце е слично со големина како и вистинското. Се напојува со батерии кои пациентот по излегување од болница ги носи на грб во ранец тежок шест килограми.
Операцијата траела речиси пет часа. Секој детаљ е снимен, а видеото ќе биде прикажано во јавноста, објави весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст