Србинот Игор Вацлавиќ, познат како Игор Рамбо, ноќеска бил уапсен во Шпанија, а на неговото апсење му претходело тројно убиство. Светските медиуми јавуваат дека Игор Рамбо, за кого долго трага италијанската полиција, бил откриен во Шпанија благодарение на сообраќајна незгода.
На 5 декември Вацлавиќ упаднал на фарма и тешко повредил двајца, кои за среќа успеале да избегаат и да пријават. Кога полицијата му влегла во трага, го следела нападнатиот цивил за полесно да го идентификуваат, но кога се обиделе да влезат во куќата во која се криел Игор рамбо, тој отворил оган и убил двајца припадници на цивилната гарда и еден цивил. Потоа украл оружје од полицаец и со зелен камионет се дал во бегство кога и ја направил сообраќајката.
Деветнаесет полицајци, падобранци и специјалци во Италија трагаат со сите расположливи средства и полициски кучиња, по 41-годишниот Игор Вацлавиќ од Србија, кој во април извршил две убиства, а е осомничен и за трето. Потерата по “Рамбо” од Србија трае со денови, а Игор за влакно ѝ се извлекува на полицијата. Сепак, ни 19 полицајци не биле доволни да го фатат Србинот, кој успеал и да рани еден од нив.
Затворскиот цимер на Игор Рамбо открива: Правеше по 5000 стомачни на ден, може живи да ве одере
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст