Активисти и љубители на животните, неформална група граѓани, ги поканува граѓаните на Скопје на мирен собир в недела на 17 декември на Плоштад пред споменикот „Воин на коњ“, за да се сврти вниманието на надлежните институции и широката јавност за нехуманиот третман на животните во нашата земја, да предложат конкретни, хумани решенија и конечно да се издејствуваат промени.
Години наназад Македонија сериозно затајува на полето на хуманоста врз животните и крајно е време тоа да се смени, велат тие во најавата за собирот.
1) Деновиве додека силеџии сеат страв, убиваат животни со отрови, се однесуваат како да никој не им може ништо, институциите ги игнорираат барањата за хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој еден кој предизвикува јавна опасност, мачи и труе животни! Повеќе од итно е да се воспостави ЗАКОНСКА ЗАБРАНА ЗА СЛОБОДНАТА ПРОДАЖБА НА ОТРОВИТЕ, виско токсични супстанци кои за 10 минути може да убијат и човек, а кои во Македонија му се достапни на секого. Изговори повеќе не смее да има – полицијата мора да врши сериозни истраги и стави крај на дивеењето по улиците, сторителите мора да бидат фатени и ЗА СЕКОЈ КОЈ ЗЛОУПОТРЕБУВА ОТРОВИ бараме без исклучок ДА СЕ ИЗРЕКУВА КАЗНА ЗАТВОР.
2) Животните не се криви што се живи и на улица, вината за состојбата во која се наоѓаме е исклучиво во факторот човек. БАРАМЕ ХУМАН ТРЕТМАН НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ во државата и во Скопје! ГО ОХРАБРУВАМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ во напорите за хумано надминување на проблемот со бездомните животни БЕЗ ИСКЛУЧОК ДА СТАВИ КРАЈ НА ДОСЕГАШНАТА ПРАКТИКА НА МАСОВНО УБИВАЊЕ која е нехумана, не го решава проблемот, а со која се трошат парите на граѓаните. ВАРДАРИШТЕ никогаш повеќе да не биде убивалиште на животни! Бараме МАСОВНА СТЕРИЛИЗАЦИЈА на бездомните животни и oд Собранието и надзорните органи конечно РЕГУЛИРАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РАМКА ЗА ОДГОВОРНО СОПСТВЕНИШТВО, СТРОГИ КАЗНИ ЗА НАПУШТАЊЕ И НЕКОНТРОЛИРАН РАСПЛОД, затоа што бездомни кучиња има и ќе има, се додека луѓето неконтролирано ги размножуваат и напуштаат!
3) Минатата недела се случи нестреќа кога ротвајлер изгриза повеќе лица, по што започна хајка врз бездомните животни. Посочуваме гласно – ниту едно животно не се родило агресивно, вината што некое куче е опасно не зависи од расата, туку од тоа дали ги чува одговорен, или неодговорен, агресивен човек! Бараме од МВР и АХВ НАЈСТРОГИ КАЗНИ ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ КОИ ПОТТИКНУВААТ АГРЕСИЈА КАЈ КУЧИЊАТА, СОЗДАВАЊЕ РЕГИСТАР ЗА ЛУЃЕ КОИ СЕ ИНВОЛВИРАНИ ВО БОРБИ СО ЖИВОТНИ, а никако убивање на кучињата – со нивното убивање се амнестира одговорноста на сопственикот, а се елиминира кучето, кое и самото е жртва.
4) ПОЛИЦИЈА ЗА ЖИВОТНИ под итно бидејќи насилството врз животните најчесто е само претходница на насилството врз луѓето, и ако не реагираме, насилниците ги охрабруваме и ги стимулираме на нареден чекор. Почитувани, нашата цел е заеднички да воспоставиме нови облици на однесување и инсистираме на хуманост (наместо на силеџиство), нешто што ќе не дефинира како нација и конечно го обели образот на македонскиот граѓанин во Европа и светот, каде сме препознаени како држава во која насилството поминува молкум и толерира. Изговори повеќе не смее да има – ги каниме и очекуваме сите во недела!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст