| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот го убила, љубовникот го полила со киселина, а совршеното злосторство ѝ го расипала јагнешка чорба

Медицинска сестра сакала да се ослободи од сопругот и да го продолжи животот со љубовникот на трилер-начин, бидејќи главната инспирација и ја добила од трилер-филм.

Дваесет и седумгодишната Свати, медицинска сестра во приватна болница во Индија, имала дете со својот сопруг Реди. Меѓутоа, се зближила со колега-физиотерапевт и со него почнала врска. Кога врската се разгорела и сфатиле дека сакаат животот да го минат заедно, смислиле план како да се ослободат од сопругот.
Свати го убила сопругот со помош на љубовникот Раџеш, па телото го фрлила во шума и го запалила. Потоа лицето на љубовникот го полила со киселина во надеж дека после пластична операција ќе го преземе идентитетот на нејзиниот сопруг.


Индијката во полиција го претставила изгорениот љубовник како сопруг и раскажала дека го нападнале четири мажи. Меѓутоа, човекот со изгорено лице во болница одбил јагнешка чорба затоа што е вегетаријанец, па роднините на вистинскиот сопруг повикале полиција.
Како што објасниле тие сомнително им било дека човекот без лице е нивниот Реди поради различната конституција на двајцата мажи и необичното однесување, но фактот дека нивниот роднина одбил месо, бил јасен сигнал.
Жената во текот на сослушувањето во полицијата го признала злосторството и раскажала дека пеколниот план го добила како инспирација од индиски филм во кој пластичната операција и замена на идентитетите на „решаваат проблемите“ на главните актери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top