| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски и вечерва со граѓаните, протестот продолжува утре во 16 часот пред затворот во Шуто Оризари (ФОТО)

Како и претходните, така и оваа вечер, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски присуствуваше на протестот пред Министерството за правда, кој се оддржува против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

Тој заедно со граѓаните ги слушна пораките кои ги упатија говорниците на протестот.

-Се бара безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, како и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

Груевски присуствуваше и на сите претходни протести кои се одржуваа пред Министерството за правда, Кривичниот суд и затворот во Шуто Оризари.

Протестите продолжуваат и утре, во 16 часот пред затворот во Шуто Оризари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top