| четврток, 6 декември 2018 |

„Станете за чист воздух“: Граѓански протест пред Владата поради енормното загадување

Станете за чист воздух, под ова мото група на граѓани утре организира протест поради критичното ниво на аерозагадувањето во Скопје и Македонија. Протестот ќе се одржи пред Владата на Република Македонија.

Иницијаторите на овој протест велат дека овој протест не е организиран од политичка партија, туку е организиран од граѓани. Инаку, претходно градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов граѓаните кои организираат активности поради загадувањето рече дека се политички опструирани од ВМРО-ДПМНЕ.

-Организиран е од тебе, од мене, од твоите деца, од вашите родители, од сите нас кои дишеме загаден воздух, велат иницијаторите.

Иницијаторите велат и дека пожелно е да носите маски на протестот, за ваше здравје, како и транспаренти секој со своја инспирација.

Тие имаат и мерки кои итно бараат да се спроведат:

1.Итно чистење на сите главни и споредни улици во градот

2.Забрана за сообраќај во најзагадените денови освен за возила на пожарна, полиција, брза помош, службени возила за истовар на роба

3.Бесплатен јавен превоз

4.Исклучување од сообраќај на старите возила кои загадуваат, вклучувајќи ги и оние на КХС

5.Забрана за градежни активности во период на загаден воздух (ноември, декември, јануари)

6.Субвенциониран приклучок на топлификација за сите граѓани

7.ИТНО и ТРАНСПАРЕНТНО мониторирање на индустриските погони, големи и мали, кои испуштаа стакленички гасови

8.Помош за домаќинствата кои немаат финансии за греење па палат што ќе најдат

9.Итно чистење на сите диви депонии во градот

10.Санкции за палачите на огнови на отворено, посебно да се обрне внимание на кејот на Вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top