На денешниот протест на филмски работници, на кои присуствуваа режисери и продуценти меѓу кои Игор Иванов – Изи, Дарјан Пејовски, Дина Дума, Томи Салковски, Роберт Насков, Дарко Попов и други, Министерството за култура соопшти дека наводно, тие годинава добиле помалку средства од лани, затоа што преку Агенцијата за филм се создавале политички мотивирани дела, пропаганди, а не уметнички дела, а се правеле и злоупотреби.
Според Министерството протестот е резултат на повеќегодишното отсуство на слух за нив, заборавајќи дека в.д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, пред само еден месец незаконски го поништи Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм. Тој самоволно, всушност како што работи и министерот за култура Роберт Алаѓозовски и целата влада на СДСМ, без Управниот одбор, сам донел одлука за поништување на конкурсот. На веб сајтот на Агенцијата стои дека Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм објавен на 10.02.2017 година на веб страницата на Агенцијата за филм на Република Македонија и во дневните весници “Вечер” и “Лајм” се поништува со Одлука донесена од страна на в.д директорот, Тозија.
Исто така, министерот Алаѓозовски сите минати филмски проекти ги оцени како неуметнички, заборавајќи дека списокот на режисери и продуценти кои во текот на изминатите години добиле финансиски средства за реализација на филмски проекти, како и за развој е огромен. Меѓу нив, на списокот е и нашиот светски познат режисер Милчо Манчевски за филмот “Мајки” (продуцентска куќа Банана филм, Милчо Манчевски), како и Столе Попов за филмот “До балчак” (продуцентска куќа Триангл филм, Данчо Чевревски). Потоа следат, Владимир Блажевски за “Панкот не е мртов” и “Слобода или смрт” (продуцентска куќа Панк Филм, Дарко Попов), Иво Трајков за “Созерцание”, “Медена ноќ” (продуцентска куќа Кавал Филм, Роберт Јазаџиски) и “Некрстени денови” (продуцентска куќа Стори Скоп, Антонио Велјановски), Антонио Митрикески за “Деца на сонцето” (продуцентска куќа Хоризон Филм) и “Цар Самоил” (продуцентска куќа Револушн, Дејан Милошевски), Митко Панов за “Војната заврши” и “Чекај ме/сведок” (продуцентска куќа Пиреј Филм, Митко Панов), Теона Стругар Митевска за “Жената што си ги избриша своите солзи”, “Кога денот немаше име” и “Господ постои, се вика Петрунија” (продуцентска куќа Сестри и брат Митевски, Лабина Митевски), Дарко Митревски за “Трето полувреме” и “Аферата Мис Стон” (за овој филмски проект продуцентот се откажа од реализација и не ги доби доделените средства), (продуцентска куќа Кино око, Роберт Насков), Игор Иванов Изи за “Соба со пијано” и “Шеќерното дете” (продуцентска куќа Скопје Филм Студио, Томи Салковски), Коле Ангеловски за “Ах љубов моја” (продуцентска куќа Авард Филм и Видео, Горан Стојилковиќ), Светозар Ристовски за “Лазар” и “Свеќарката” (продуцентска куќа Смалл Мовес, Корнелија Ристовска), Кастриот Абдили со “Враќање” и “Можеби” (продуцентска куќа Дарданија филм) Арбен Тачи со филмот “Исчезнатиот” (продуцентската куќа АРБ филм, Арбен Тачи) и други.
Во врска со ревизиите кои се почнати во Агенцијата за филм, пред протестантите од филмската фела, портпаролот на Министерството за култура, Петрит Сарачини рече дека во тек е целосна ревизија на работата на Агенцијата за да се утврдат злоупотреби, занемарувајќи го фактот што во изминатите години дел од значајни комисии клучни за стратегијата на филмската дејност, како и селектор или пак уметнички директор на неколку македонски филмски фестивали била сопругата на советникот на премиерот Заев – Златко Теодосиевски, Евгенија Теодосиевска. Значи, Теодосиевска активно била вклучена како во одлучувањето така и во креирањето и спроведувањето на стратегијата во филмската дејност.
Да бидеме попрецезни, едно од клучните тела на Агенцијата за филм е Филмскиот совет кој согласно Законот за филмска дејност му дава Мислење на директорот на Агенцијата кои проекти треба да бидат прифатени односно одбиени на Конкурс. Членовите на Филмскиот Совет се од редот на стручни и истакнати професионалци од областа на филмската дејност. Токму еден од членовите на Филмскиот совет кој ја прифатил оваа идеја и ја потврдил општествената оправданост на проектот играна серија МАКЕДОНИЈА е Евгенија Теодосиевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст