| четврток, 6 декември 2018 |

Гркинка и Бугарка го расправале името на Македонија на средба во Солун

Проблемот кој Грција го има со уставното име на Република Македонија била една од темите за кои денеска во Солун разговарале бугарската потпретседателка Илијана Јотова и грчката заменик-министерка за Македонија и Тракија Марија Колијас Царуха, јави БТА.

– Се надеваме на позитивно решение кое не ја засега нашата историја, изјавила по средбата Колиас Царуха.

Како што пренесува МИА, Јотова, од своја страна, изразила уверување дека во 2018 година ова прашање ќе се реши со прифатлив компромис за сите земји во регионот.

Двете функционерки разговарале за многу прашања меѓу кои и за претстојното претседателство на Бугарија со Европската унија.

– Имаме амбиција 15 години подоцна да го продолжиме Солунскиот процес. За шесте месеци на бугарското претседателство со Советот на ЕУ вниманието на цела Европа ќе биде насочено кон Балканот. Една од нашите задачи е да ги надминеме стереотипите, дека овој дел на Европа е послабо развиен, истакна Јотова.

Таа додаде дека помошта на Грција во подготовката на бугарското претседателство е многу важна.

– Ќе сметаме на вас и во наредните шест месеци, подвлече Јотова.

На состанокот станало збор и за мигранстаката криза, Договорот од Даблин, билатералните проекти меѓу двете земји, како и прекуграничните иницијативи финансирани од европските институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top