Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека Европската Унија во март следната година, по прославата на десетгодишнината од независноста, ќе ги укине визите за граѓаните на Косово, а тогаш Безбедносните сили ќе се трансформираат во Војска на Косово.
-Граѓаните на Косово ќе може да патуваат без визи најдоцна од крајот на март следната година, а може и порано. Исто така тој месец Безбедносните сили ќе се трансформираат во Војска на Косово, рекол Харадинај.
Тој најавил дека на 18 декември во Брисел меѓу другото ќе се разговара и за овие прашања.
Ова е првпат Харадинај да изнесе одреден датум за решавање на прашањата како што се либерализацијата и формирањето косовска војска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


