Поради високото ниво на загаденост на воздухот во општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев ги образложи сите ургентни мерки што во моментот ги презема Општината за намалување на степенот на загаденост.
-Општина Карпош презема интервентни мерки за справување со загадувањето. За таа цел најавувавме почнување процедура за итна набавка на прочистувачи за воздухот во сите градинки и училишта на територијата на општина Карпош. Дополнително, итно ги запираме градежните активности што произлегуваат од работењето на Општина Карпош, а се однесуваат на тековно одржување на улицитие, тротоарите и слични градежни зафати што ги реализира Општината. Во контекст на ова бараме сите приватни изведувачи и инвеститори да го следат примерот на Општина Карпош и да запрат со градежните активности во моментите кога загадувањето е на највисоко ниво“, рече Богоев.
Тој најави продолжување на редовните контроли и инспекции на градилиштата со цел да се спречи узурпирање на јавните површини и предизвикување дополнителна нечистотија и загадување.
„Ги повикуваме сите инвеститори, фирми и претпријатија на општествена одговорност да донираат прочистувачи на воздухот или заштитни маски за граѓаните или да донираат финансиски средства на наменската сметка на Општината, која е објавена на и веб- и на фејсбук-страницата на Општина Карпош. На овој начин и компаниите ќе покажат дека се општествено одговорни и ќе им помогнат на граѓаните и на Општината да може да набават повеќе прочистувачи на воздухот и повеќе заштитни маски за граѓаните. Дополнително на ова, и понатаму продолжува да биде активна телефонската линија за пријавување загадувач, која е отворена на 24 ноември и на која граѓаните ги повикувам активно да ги пријавуваат загадувачите што палат оган на отворено“, рече Богоев.
Градоначалникот додаде дека следната недела ќе биде свикана вонредна седница на Советот на Општина Карпош, на која како градоначалник ќе предложи донесување одлука за субвенционирање заштитни маски за целни групи граѓани на општина Карпош.
„Воедно, сакам да ја известам јавноста дека заедно со Град Скопје, со Министерството за животна средина и просторно планирање и со Државниот инспекторат за животна средина продолжуваме заеднички и координирано да бараме трајни решенија за решавање на проблемот со загадувањето на територијата на општина Карпош и град Скопје“, изјави во денешното обраќање градоначалникот на Карпош, Богоев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


