
Гласањето за укинување на интернет неутралнота во САД може да има големи глобални последици – пренесува „CNN“.
Вчерашната одлука на Федералната комисија за комуникации може да биде оспорена на суд или пред Конресот, експертите велат дека САД ризикува губење на своето шампионско место за слободен и отворен интернет.
– Ова ќе биде уште една инстанца на губење на американското водство во глобални рамки – вели Ник Фрич, соработник на „Јејл правната школа за информатичко општество“.
– Тоа ќе даде лош пример за другите земји, кој доаѓа од земјата која го измисли интернетот – додава тој.
Земете ја Кина за пример, каде што отворениот интернет беше убиен од државниот апарат за цензурирање.
Многу од проблемите за кои правилата на американската интернет неутралност беа создадени, како бавен интернет сообраќај, брзи ленти за одредени содржини, блокирање на интернет страници, се случуваат во Кина со години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


