| четврток, 6 декември 2018 |

Супер трик: Пред да отидете на фризер и да ја скратите косата, проверете дали ќе ви прилега кратка фризура

Сигурно не сакате да отидете на фризер и да потрошите пари и време а на крајот да завршите со фризура која не ви се допаѓа.

Затоа пред да одлучите да аправите промена или да ја скратите косата, еве еден трик да приверите дали ќе ви личи кратката коса или не.Се што ви е потребно е молив (или пенкало) и лењир.

Поставете го моливот под брадата (вертикално), а лењирот, хоризунтално, помеѓу увото и моливот под агол од 90 степени, а потоа измерете ја оддалеченоста од ушната ресичка до моливот.

Ако оддалеченост изнесува помалку од 5, 7 сантиметри, тогаш бидете сигурни дека кратка коса совршено ќе ви стои, подобро од долга. А ако оддалеченоста е поголема, тогаш оставете ја косата да расте, зошто кратка фризура нема да ви прилега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top