Порно актерката Јуризан Белтран е пронајдена мртва во станот во кој престојувала во Лос Анџелес, а постои сомнение дека се предозирала со лекови или дрога.
Само една недела по самоубиството на Аугуст Ејмс, 31-годишната Белтран која била попозната под уметничкото име Јури Лав е исто така пронајдена мртва.
Официјално не била соопштена причината за смртта, но инспекторите се сомневаат дека станува збор за преголема доза на лекови или дрога.
– Јуризан починала од преголема доза на дрога. Нејзиното тело го пронашол сопственикот на станот во кој живеела. Околу нејзиниот кревет биле пронајдени разни апчиња – рекол нејзиниот пријател Ники Мило.
Ова е втора смрт во порно индустријата во рок од една недела. Јуризан кариерата ја започнала во 2004-тата година и нејзините пријатели истакнуваат дека ништо не укажувало на тоа дека ќе дојде до трагедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст