| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Хари и Меган ја закажаа свадбата на 19 мај

Свадбата на принцот Хари и актерката Мегал Маркл е закажана за 19 мај наредната година, соопшти Палатата Кенсингтон.

Венчавката ќе се одржи во капела во замокот Виндзор, кралската резиденција западно од Лондон, се вели во соопштението, а Хари и Меган ќе ги поминат божиќните празници со кралицата во Сандрингем.

Целата церемонија ќе ја плати кралското семејство, што ги вклучува услугата, музиката, цвеќето и приемот.

Интересно е што свадбата се совпаѓа со финалето на англискиот фудбалски куп, на којшто братот на Хари, принцот Вилијам, вообичаено присуствува како претседател на Фудбалската федерација.

Хари и Меган се свршија на 1 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top