| четврток, 6 декември 2018 |

Кинескиот хороскоп за 2018 предвидува прекрасни работи – еден знак ќе го следи среќа и само среќа!

Ако може да се верува на кинескиот хороскоп, наскоро влегуваме во годината на жолтиот земјен Пес.

Тоа е, тврдат упатените, добра вест, бидејќи тој знак во кинескиот хороскоп  во 2018 година ќе биде великодушен кон сите. Сите ќе го почувствуваме позитивното влијание , а за многумина оваа година ќе биде почеток на нов, мирен и среќен период.

Сепак, Кучето ќе биде благонаклоно кон сите кои околу себе шират мир и хармонија и несебично помагаат на другите. Со оглед на тоа дека Кучето, по кинеското верување, ја цени директноста и соочување со потешкотии, ова ќе биде година на луѓето кои се верни, одговорни и насочени кон целта.

За лицата кои се родени во знакот на Кучето, Змијата, Стаорецот и Свињата, наредната година ќе биде многу среќна, посебно за оние кои бараат нешто ново, работа, искуство, љубов. Желбите ќе почнат да им се остваруваат веќе во првите месеци од 2018 година.

За лицата родени во знакот на Зајакот, Бикот и Мајмунот 2019 година ќе биде стабилна и мирна година полна со ситни, убави изненадувања. Крупните, позитивни промени можни се како резулатат на стабилниот раст. Се препорачува овие знаци едноставно да го прават  она што сметаат дека е важно и годината ќе им биде прекрасна.

Родените во знакот на Петелот, Тигарот и Змејот сепак би можеле да наидат на одредени потешкотии, но со се што ќе прават во наредната година ќе постават темел за позитивен период во перидот кој следи по 2018 година.

Онои што се родени во знакот на Козата и Коњот  од среќната 2018 година ќе извлечат најмногу, затоа што најдобро од сите сфаќаат дека животот мора да го живеат со полни гради. Поради тоа им се советува да не пропуштаат ниту една шанса со кои Кучето великодушно ќе ги обсипат престојната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top