| четврток, 6 декември 2018 |

Џафери: Промена на името во Собранието, доколку тоа го посака парламентарното мнозинство

Промена на името може да се направи во Собранието, доколку за тоа изрази желба парламентарното мнозинство, рече Талат Џафери во вчерашната емисија “Патот кон…“ на Алсат – М телевизија. Тој мисли дека поради континураната висока подршка на граѓаните за евроинтегративните процеси, граѓаните му дале целосен легитимитет на Собранието, да во нивно име одлучи по однос на прашањето за промена на името.

– Мислам дека собранието го има потребниот капацитет ако има политичка волја кај субјектите кои го сочинуваат парламентарното мнозинство, поради фактот што тоа е стратешка определба изразена како волја на граѓаните уште од деведесеттите години, 93-94 кога е усвоена првата резолуција на Парламентот во насока на определбата на државните институции за евроатланска интеграција и имајќиго предвид фактот дека поддршката на граѓаните континуирано е над 75%-80% за вроинтегративните процеси, мислам дека тоа е мотив можност Парламентот во името на граѓаните како носител на сувереноста на граќаните, изразено на избори, со перцепцијата која ја имаат граѓаните, мислам дека дале целосен легитиитет на Собранието во има на граѓаните да одлучи и за ова прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top