Синоќа, пред полноќ во полициска станица Штип, по телефон било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците “Сутјеска“ и “Сремски Фронт” во Штип, непознато машко лице во рацете држело сообраќаен знак, со кој мавтал кон возилата што се движеле на крстосницата.
Како што информираа од МВР,веднаш по пријавата полициски службеници излегле на местото на настанот при што констатирано е дека се работи за лицето Б.Х.(37) од Штип кој претходно оштетил сообраќаен знак и со истиот мавтал кон возилата.
„Поради видно растројство, лицето со возило на Итна медицинска помош Штип е пренесено во психијатрискиот оддел на Клиничката болница во Штип“, појаснија од полицијата за овој настан .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст