Актерот Дастин Хофман досега е обвинет од три жени за сексуално злоставување. По неговата колешка Мелиса Кестер и жената која сакаше да остане анонимна, и тврдеше дека Хофман ја нападнал во воз, со слично тврдење се јави и поранешна соученичка на неговата ќерка Карина.
Кори Томас во 1980 година имала 16 години, кога Хофман ги поканил неа и ќерка му на прошетка низ Менхетн. По сплет на околности, Кори останала сама со него во хотелска соба и кусо потоа, тој влегол во бањата и излегол со крпа околу него.
– Одеднаш ја тргна крпата. Тој стоеше гол, а јас за малку ќе се онесвестев. Тоа беше првпат да видам гол маж. Не знаев што да правам. А, тој „ја исцеди“ ситуацијата. Го искористи времето… Ме замоли да му ги измасирам нозете, и јас, не знаејќи дали смеам да одбијам, прифатив – раскажува сега веќе возрасната Томас.
Ѕвонењето на телефонот ја спасило тинејџерката од натамошни непријатности. Нејзината мајка била пред хотелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст