| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Холандија: Неколку лица избодени со нож, две загинати

Најмалку две лица загинаа, а неколкумина се повредени откако биле нападнати со ладно оружје, во два одделни инциденти во холандскиот град Мастрихт, јавија локалните медиуми.

Како што наведуваат тамошните медиуми, нападите се случиле околу 100 метри еден од друг, а се додава и дека напаѓачите меѓусебно се поврзани.

Едно лице загинало на првото место на напад во западниот дел од Мастрихт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top