По победата на локалните изборите Петре Шилегов се возеше во автобус. Пред неколку дена го стори истото за да биде личен пример на скопјани. Со автобус на ЈСП, се одвезе до Средно Водно. Сепак, на прес-конференциите, Шилегов пристигнува со автомобил.
„Вие знаете дека јас како еден од луѓето, односно човек кој иницираше забрана за движење на сообраќајот го користев јавниот превоз со цел на скопјани да го дадам својот пример. Јавниот превоз во сегменти и во делови го користам, овие денови и не толку видливо за јавноста“, порача Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.
И градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски пред неколку дена на работа дојде со својата „шкода“. Вели дека треба да биде пример за останатите, но не прецизираше кога ќе почне да се вози со градски автобус.
„Се согласувам дека возниот режим и ние како пример, како градоначалници го користиме. Да речам во делот на доаѓање на работа дали со автомобил или со велосипед тоа е различно. Мислам дека имаме алтернативни средства, а посебно ние треба да бидеме пример за останатите“, вели Георгиевски.
Стефан Богоев, младиот градоначалник на Карпош, пред неколку дена на прес-конференција пристигна со „шевролет“. Рече дека „една ластовица не прави пролет“, но на граѓаните им препорача јавен превоз.
„Најмал проблем е да ние да седнеме во автобус или да се качиме на велосипед и да дојдеме до работа. Меѓутоа генерално треба граѓаните да ги насочуваме кон такви превозни средства. Затоа што една ластовица не ја чини пролета“, изјави Богоев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст