По ремито во францускиот шампионат, ПСЖ и Нант повторно се сретнаа, но овој пат во рамките на четвртфиналето во Лига Купот. Победник од овој дуел излезе бранителот на титулата, ПСЖ кој славеше со 35-33 (20-17).
Иако „светците“ во второто полувреме имаа комотна предност, сепак едвај обезбедија пласман во четвртфиналето. При негатива од 30-24, Нант успеа да намали на 30-28, а потоа и на 32-30 со голот на Кире Лазаров. На пет минути до крајот беше 32-31, но тимот на нашиот капитен немаше сили за целосен пресврт.
На крајот Лазаров мечот го заврши со пет погодоци од осум обиди, од кои два седмерци. Уве Генсхајмер и Хансен со по шет погодоци беа најефикасни кај победникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст