| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов Шоу! Кога си на власт и немаш је**** решение за ништо

Поранешниот шеф на Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски, повторно „удри“ по градоначалникот на Скопје за загадувањето на воздухот, кое Петре Шилегов ветуваше дека ќе го решел.

-Мислам дека следната изјава на Шилегов ќе биде дека всушност загаденоста е една поетска слика на последниот бран македонска апстрактност. Ќе предложи елевација на скопската котлина како најпомирливо решение меѓу урбаната мафија и здравјето на граѓаните. Втора битна мерка од советниците на ДУИ, ќе дојде во форма на присилно шетање низ центарот на Градот, до општина Чаир и назад, на групи на социјално ранливи граѓани, кои со полни груди ќе дишат и ќе служат како природен еколошки филтер. Од општина Центар излага досега најитната и најбрза мерка. Се вика „лажен ветер“. Името не е случајно, ветерот нема воопшто да го има.  Парно и непарно возење. Кој има дома парно, не вози, кој нема, смее да вози, во надеж дека нема да гори дома пластики и отрови, а колите нели воопшто не загадуваат, само домаќинствата, нашиша Мицковски на својот Фејсбук профил.

Следниот пост, Мицковски го нарече Шилегов Шоу!

-Кога си во опозиција и се бориш за власт, злоупотреби се што е граѓанско, егзалтирај го, накити го и фали го ко вистинска и автентична политичка сила. Кога си на власт и немаш јебено решение за ништо, делегитимирај граѓански иницијативи со тоа што ќе ги наречеш „политички“ иницијативи на ВМРО. Па и да се на ВМРО, кој ти е бре тој пристап, па нели и граѓанското дејстување е политичка акција.

Во најновиот Фејсбук пост, Мицковски вели дека секоја година како директна последица на аерозагадувањето умираат по 1.350 граѓани, а има нови 485 заболени од белодробни болести или од канцер.

-Доколку загадувањето се намали за само 5 микрограми, би требало да има 40 смртни случаи помалку на годишно ниво. Според проценките, годишно се трошат 253 милиони евра на лицата болни од аерозагадување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top