| четврток, 6 декември 2018 |

Американците во земјава загрижени: Има ли идеи за намалување на загадувањето?

Центар утрово
Фото: Фејсбук

Амбасадата на САД во Македонија денеска изрази загриженост поради големата загаденост на воздухот во Скопје и во земјава, пренесе Мета.

Во својата објава на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер од aмбасадата прашаа „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“.

„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на Фејсбук и на Твитер.

Загриженост за енормната загаденост на воздухот изрази и амбасадорот на Холандија во земјава, Ваутер Пломп.

„Постои дилема: дали да се користи автомобил и да се придонесе на загадувањето или да се земе велосипед и тоа да се вдишува. Денеска за прв пат се обидов со маска“, напиша Пломп на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top