| четврток, 6 декември 2018 |

Репортер на Си Ен Ен во живо со сириски снајперист во момент додека убива

Прилогот на репортерот на „Си-Ен-Ен“, Фред Плитген, кој известуваше среде битка во Дамаск од страната на приврзаниците на Асад го обиколи целиот свет.

На видеото новинарот кажува дека се наоѓа со палестински борци кои се борат на страната на Асад во предградието на главниот град Јармук. Во кадарот зад него е еден борец кој вели дека гледа противнички снајперист, а откако истрела куршум соопшти дека го погодил.

Командирот на оружената група изјавил дека најчесто се борат против борци од Емиратите, Авганистан, Пакистан, Сиријци и Палестинци.

Битките се водат за секоја куќа, а често двете завојувани страни се одделени само со ѕид од вреќи со песок.
Прилогот на репортерот на „Си-Ен-Ен“ погледнете го тука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top