На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда пред граѓаните се обрати пратеничката Павлинче Честојнова. Таа кажа дека оние кои се уапсени во монтираниот случај за 27 април немаат направено никаков прекршок во животот.
-Оваа Влада врши политички реваншизам и прогон кон сите неистомисленици. СДСМ како во времето на информбирото се пресметува со искрените патриоти и родољуби. 47 граѓани на Република Македонија, 47 наши браќа и сестри, но пред се големи патриоти и херои без никаков основ се ставени во притвор, на удар е секој кој си ја сака својата држава, кој си ја сака Македонија. Искрените патриоти се обвинуваат со тешки обвиненија за тероризам и се ставаат во затвор, за во исто време вистинските терористи и убијци да се пуштаат на слобода, изјави Честојнова.
Таа кажа дека сите притворени имаат едно заедничко, а тоа е нивната безусловна љубов кон Македонија, таа порача и дека тие не се терористи.
-Овие луѓе не се терористи, ако е тероризам да си ја сакаш својата држава, ако е тероризам да си пееш сопствената химна, тогаш јас сум терорист, тогаш сите ние сме терористи. Затоа што сите ние си ја сакаме Македонија, затоа што сме ја пееле и ќе ја пееме нашата една и единствена македонска химна, изјави
Честојнова кажа дека секоја генерација си има своја прва, а дека ова е борбата на оваа генерација. Таа кажа дека народот треба да остане во одбрана на оние кои го бранеа Уставот на Македонија.
-Ние сме ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволиме нашите браќа и сестри да бидат неправедно осудени, ние сме ВМРО-ДПМНЕ и ќе одиме до крај, нема да не уплашат, нема да не скршат и разединат, ќе останеме силни, единствени и сплотени, затоа што само така ќе успееме, порача Честојнова.
Таа побара ослободување за сите 47 како што кажа неправедно осудени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


