| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ предлага – ДУИ дебатира, Беса се тргна а СДСМ како декор – последен ден од амандманската расправа за законот за јазици

????????????????????????????????????

Долги реплики на пратениците од ДУИ во врска со единствениот амандман што беше прочитан вчера од колегите од Беса- а се однесува на промена на името на законот за употреба на јазиците, со сугестија да се вика Закон за употреба на албанскиот јазик- вака денеска изгледаше третиот и последен ден од второто читање на законскиот текст на Комисијата за европски прашања.

Според деловникот, рокот за второто читање завршува вечерва на полноќ, но како – не знае ниту самиот претседател Артан Груби.

-Јас сум обврзан деловнички да ја затворам дебата вечерва по овој предлог закон и да го проследам на понатамошно читање без разгледување или со разгледување или без усвојување или со усвојување на кој било амандман ќе видиме до вечерва на полноќ, рече Груби.

Ова го изјави за време на паузата. На новинарско прашање дали ваквиот начин на туркање на расправата без суштинска дискусија не е глумење демократија, Груби одговори:

-Не глумиме демократија.

Инаку пред комисијата да стартува денеска, пратениците на Беса соопштија дека нема учествуваат во театар каков што се сервира.

Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе продолжи театарот и ние немаме намера да учествуваме во тој театар, рече Фадил Зендели, од Беса.

Побараа да се гласа за нивните два амандмани и нагласија дека вториот се однесува на она што било договорено во рамките на Тиранската платформа- а тоа е официјализирање на албанскиот јазик како втор службен во сите јавни и државни установи.

Извор: ТВ Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top