На петнаесетина дена пред дочекот на Новата 2018 година нашиот главен град личи на град на духови, замаглен и темен без препознатливите новогодишни декорации. Додека Белград, Софија, Приштина и Тирана блеснаа во новогодишни бои пред повеќе од десет дена, на скоро пола месец до нова година нашиот главен град каска зад балканските метрополи.
Традиционално до сега, претходните градоначалници на Скопје декорирањето го започнуваа кон крајот на ноември, а раскитувањето траеше од 15 јануари до 18 јануари во новата година.
Годинава новиот градоначалник Петре Шилегов реши украсувањето да го почне подоцна, а од градот Скопје се правдаат дека сеуште е во тек тендерска процедура и рокови кои треба да се испочитуваат.
Граѓаните изминатите денови на социјалните мрежи коментираат и му забележуваат на градоначалникот Шилегов дека градот никогаш не доцнел толку многу со новогодишната декорација.
Инаку, тендерот за новогодишно украсување на градот е вреден 10.169.491 денари или нешто повеќе од 150 илјади евра. Освен декорација и украсување на градот компанијата има обврска и да изработи план за тоа какви украси ќе треба да се употребат и за локацијата на која ќе бидат поставени тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст