| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавете палење на отворено на 193

На телефонскиот број 193 кој ќе биде достапен 24 часа сите граѓани на Скопје од денеска ќе можат да пријават доколку некој пали оган на отворено, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Тој истакна дека за справување со проблемот со горењето гуми, пластики, неквалитетни дрва на отворено што влијаат на загадувањето на воздухот, формирани се тимови од претставници на Град Скопје, Министерството за труд и социјална политика, МВР, Противпожарната бригада, Црвениот крст и здружението „Љубезност„ кои ќе патролираат 24 часа.

На истиот број ќе може да бидат пријавени горење на диви депонии, диви погони кои топат отпад. Шилегов рече дека а загадувањето ќе бидат преземени и други мерки, но и дека е потребен системски пристап за решавање на проблемот и општествена одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top