| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе бидат потврдени оставките на Ковачевски и Пендаровски

Оставките на пратениците Васко Ковачевски и Стево Пендаровски ќе бидат констатирани на почетокот на утрешната собраниска седница.

Ковачевски, кој денеска поднесе оставка на пратеничката функција, изјави дека ќе биде прв човек на комбинатот РЕК Битола, додека Пендаровски е избран за Национален координатор на НАТО. На нивните пратенички места ќе бидат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски.

Во изјава за медиумите Ковачевски потврди дека можно е да има поголеми кадровски промени во власта, но смета дека треба да се огласи премиерот Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top