Грција, Македонија и Србија сакаат да изградат пловен канал што ќе ја поврзува реката Дунав со Егејското и Средоземното Море, кој според грчкиот премиер Алексис Ципрас „би можел да ја промени географијата на Балканот“, наведува германскиот магазин „Велт“.
Весникот го оценува проектот како „сензационален” и истакнува дека се бараат инвеститори, кои ќе ги преземат високите трошоци за изградба на пловниот коридор чија цел е поврзување на реките Дунав, Морава и Вардар.
За грандиозниот проект, вреден 17 милијарди еври, јавува и германската новинарска мрежа Н-ТВ. Во обемната сторија, новинарската мрежа го опишува проектот како „амбициозен експеримент на политичарите на Балканот: Грци, Македонци и Срби, сакаат да изградат канал кој ќе го поврзува Дунав со Средоземното море“.
– Ветениот проект може засекогаш да го промени целиот регион, се наведува во анализата, со оценка дека тоа е „експеримент со историски димензии“, чија цел е да се даде нов поттик за економска и трговска активност во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст