| четврток, 6 декември 2018 |

Бездомници пеплосаа милијарди долари

Огнот до темел уништил шест куќи во вредност од неколку милиони долари во населбата во која живеат познати личност.
Во еден од пожарите кој со денови дивеат во јужна Калифорнија, се запалиле и целосно изгореле шест куќи во луксузниот дел на Лос Анџелес. Според наводите, пожарот го предизвикало решо на бездомници.

Пожарникарите доцна вчера, откако ја ставиле огнената стихија под контрола, соопштиле дека тој пожар бил предизвикан од решо во кампот за бездомници во близина, какви што има сè повеќе во тој дел на Лос Анџелес, односно во Бел Ер.

Огнот до темел уништил шест куќи во вредност од неколку милиони долари во населбата во која живеат познати личност.

Истрагата утврдила дека пожарот го предизвикало решо кое се наоѓало на отворено во камп за бездомници. Импровизираниот камп се наоѓал на еден приватен имот, кој бил затворен за посетители. Имотот на кој има и винарија, е во сопственост на милијардерот Руперт Мардок, пишува LA Times.

Никој не бил во кампот кога избил пожарот и полицијата не уапсила никого. Пожарот уништил 200 хектари, додека 700 лица биле евакуирани, меѓу кои и манекенката Криси Тајген.

Шумските пожари веќе неколку дена беснеат на југот на Калифорнија, посебно на подрачјата на Лос Анџелес, Санта Барбара и Сан Диего.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top