Дури неколку часа никој ни од патниците, ни од службениците, не забележал дека средовечен човек умрел за време на возењето со воз низ Мексико Сити.
Несреќниот човек, чиј идентитет не е познат, најверојатно доживеал срцев удар за време на патувањето со метро. Кога паднал на седиштето резервирано за трудници и лица со инвалидитет и останал неподвижен, повеќето од патниците помислиле дека човекот е изморен и дека заспал.
Muere en el Metro… y sigue viajando. Ciudad de México.- Un hombre de la tercera edad falleció en un tren del Metro y se presume que su cuerpo recorrió varias veces la Línea 1. https://t.co/4KIdFjaVok Vía @ANNOTICIASCDMX pic.twitter.com/I4Y5QlnKXE
— Cinco Radio (@JavierLopezDiaz) December 2, 2017
Дури кога околу 15 минути по полноќ контролорите влегле во метрото, се посомневале дека нешто не е во ред. Бидејќи не можеле да го изнесат од возот, повикале Итна помош, која констатирала дека патникот е мртов неколку часа. Неговото тело било пренесено во локалната мртовечница, каде биле повикани роднини да го идентификуваат.
Овој случај предизвикал остра локална дебата во Мексико Сити на темата модерен живот, со пример дека тоа е доказ дека луѓето станале изолирани едни од други.
Други пак истакнале дека, иако е случајот необичен, не е тешко да се погреши или да се помисли дека човекот само заспал, бидејќи многу луѓе заспиваат во текот на своите патувања, посебно кога се враќаат изморени од работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст