Најтешко повредениот навивач на Партизан, во вчерашната тепачка за време на вечното дерби со Црвена Звезда, буквално бил унаказен, велат последните информации од Белград.
Тој веднаш бил примен во клиниката за Неврохирургија со тешко повреди на главата, но вон животна опасност. Сепак, глетката не била убава бидејќи му биле искршени речиси сите заби како и откинати носот и едното уво. Лицето му било променето од ударите буквално до непрепознатливост.
Вкупниот број повредени се движи околу 20, а до инцидентот дошло кога една фракција на Гробари се обидела да дојде до превласт во навивачката група. Тоа предизвикало хаос на јужната трибина на стадионот на Партизан со тешки повреди, раскрвавени глави и тела изгорени со бакљи и навистина е вистинска среќа што сето завршило без човечка жртва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст