| четврток, 6 декември 2018 |

Голема спасувачка акција: Заглавени мигранти во Егејското Море

Турската крајбрежна стража денес спроведе акција за спас на 68 мигранти кои со гумен чамец се заглавиле меѓу карпи во Егејското Море, јавуваат од турската телевизија HTB.

Тие заминале од одморалиште во областа Дикили кај Измир и планирале нелегално да стигнат до грчкиот остров.

Меѓу мигрантите имало и деца, а во акцијата за спасување се вклучија и два хеликоптера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top