| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќеска апсење на „Александар Велики“

Педесет и седумгодишен државјанин на Белгија ноќеска бил уапсен на аеродромот „Александар Велики“. Л.А.Е. (57) од Белгија, со белгиска патна исправа и дозвола за привремен престој на странец, кој допатувал од Србија, се пријавил за влез во земјава ноќеска во 1.40 часот на граничниот премин аеродром „Александар Велики“. При проверка полицискиот службеник констатирал дека за Л.А.Е. е издадена наредба за апсење за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top