Општина Центар и полициската станица Центар апелираат граѓаните да им помогнат во откривањето на луѓето кои фрлаат отров против кучињата во Скопје.
Градоначалникот Саша Богдановиќ на прес-конференција одржана денеска рече дека се предвидени и парични награди за граѓаните кои ќе пријават или достават каков било релевантен податок.
– Отров се расфрла веројатно по 20 часот кога институциите не работат, а и повеќето луѓе се дома. Дневно добиваме по четири до пет пријави за расфрлан отров на разни локации. Реагираме на самото место, но се уште немаме најдено конкретен сторител поради што подготвуваме кривична пријава против непознато лице, истакна Богдановиќ.
Според него, од немилиот настан со ротвајлерот во четвртокот вечерта, се спроведуваат акции на отстранување отрови против кучиња кај Клубот на новинари, во Капиштец, кај катната гаража – Буњаковец, кај Државна болница,…
– Ги замолуваме уште еднаш граѓаните да помогнат колку можат ако затекнат како некој фрла отров, напомена Богдановиќ.
Заменик-командирот на полициската станица Центар Милисав Мијаличиќ повика сите кои чуваат миленици, да ги шетаат со поводник и маски како што предвидува Законот за благосостојба на животните.
Општина Центар смета дека фрлањето отров против кучињата е организирана акција, а не на поединци зашто, како што посочи градоначалникот, отров се фрла точно каде што живеат луѓе кои чуваат домашни миленичиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст