| четврток, 6 декември 2018 |

На царина забележале дека во куферот нешто мрда, а кога отвориле следело вистинско изненадување (видео)

Цариниците често имаат прилика да најдат невообичаени работи во куферите на патниците, но вакво нешто ретко се случува. Имено на аеродромот во Малезија, цариниците забележале дека нешто мрда во куферт, па решиле да го отворат, за да видат за што се работи.

Кога отвориле куферот бил полн со желки, поточно 330 живи желки и тоа различни големини, а кога би ги продале од нив би заработиле 277.000 долари.

Со оглед дека за нивни пренос е потребна дозвола, во Мадагаскар куферот бил означен како да носат камења.

Криминалците се уапсени, но сепак ширум светот вакви работи се случуваат, и често животни кои се во изумирање се пренесуваат на црно и се препродаваат.

 

извор: news24.mk/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top